Старт на Прилепски Полумаратон
Пријави се

Информации

Атлетско рекреативниот клуб Лотус од Прилеп во соработка со Општина Прилеп ве покануваат на првото издание на Прилепски полумаратон. Во склоп на Прилепскиот полумаратон ќе има и рекреативна трка на 5 км

Датум: 25.11.2018 ( Недела)

Време: 10:00 часот

Старт/Финиш:Плоштад Александрија (Реклами) - Прилеп

Трки:
Главна трка: Полумаратон 21,1 км
Рекреативна трка на 5 км

Стартот на двете трки е во центарот на Прилеп, полумаратонот опфаќа 3 круга по 7 км додека за трката на 5 км предвиден е еден круг низ улиците на Прилеп. Се трча по асфалтирана рамна патека, а конфигурацијата на теренот ги дозволува сите услови за поставување на личен рекорд.

Освежителни станици:
Долж патеката се предвидени 6 пункта за освежување за полумаратон и тоа на секои 3,5 км. и 1 пункт за рекреативната трка на 5 км

Медицинска помош:
Медицинска помош ќе има во зоната на старт/финиш и долж патеката

Котизацијата за учество на Прилепски полумаратон и рекреативната трка на 5 км изнесува:
‣Трка на 5км без маица - Котизација 300 денари
‣Полумаратон 21км без маица - Котизација 350 денари
‣Трка на 5км со маица - Котизација 600 денари
‣Полумаратон 21км со маица - Котизација 650 денари

Стартниот пакет за полумаратонската трка вклучува:
-стартен број
-техничка (dry-fit) маичка (само оние кои ќе ја изберат таа опција)
-освежување на контролните точки како и во зоната на финиш
-медал за завршен полумаратон (се добива по завршувањето на трката)
-електронско мерење на време со чип
-on-line резултати
-on-line диплома
-подароци од спонзорите

Стартниот пакет за рекреативната трка на 5 км вклучува:
-стартен број
-техничка (dry-fit) маичка (само оние кои ќе ја изберат таа опција)
-освежување на контролните точки како и во зоната на финиш
-медал за завршена трка на 5км (се добива по завршувањето на трката)
-електронско мерење на време со чип
-on-line резултати
-on-line диплома
-подароци од спонзорите

Тим билдинг:
Во рамките на рекреативната трка ќе има и натпревар на тимови (тим билдинг) ПРАВИЛА Пријави ја својата екипа за рангирање на екипен пласман на 5 км При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team напишете го името на вашата екипа. ВАЖНО! Името на екипата мора да биде исто за секој член. На пример, ако вашето име на екипата е Shampioni тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да се внеси истото име. Ако сакаш твојата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 км треба да брои најмалку 3 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 10 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 3 натпреварувачи-ки. Рангирањето на 5 км ќе се изврши во две категории (мажи/жени).

Награди:
1. место М/Ж Пехар и диплома
2. место М/Ж Пехар и диплома
3. место М/Ж Пехар и диплома

Напомена: Организаторот го задржува правото на измена на содржината на стартниот пакет без претходна најава.

Награди:
Полумаратон апсолутен пласман
1. место М/Ж Пехар и диплома
2. место М/Ж Пехар и диплома
3. место М/Ж Пехар и диплома

Останатите награди ќе бидат објавени не подоцна од 7 (седум) дена до почетокот на полумаратонот
Категории: (повеќе детали наскоро)

Рекреативна трка 5 км апсолутен пласман
1. место М/Ж Медал и диплома
2. место М/Ж Медал и диплома
3. место М/Ж Медал и диплома

Учесниците на трките учествуваат на сопствена одговорност, свесни за нивната здравствена состојба.

За подетални информации контактирајте не на: [email protected]

Градот херој ве очекува

prilep polumaraton pateka
prilep 5km trka

За Прилеп

    Прилеп e град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија, седиште на истоимената Општина Прилеп. Градот Прилеп се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри, а на ридестите падини и до 680 метри. Во општина Прилеп, живеат 76.768 жители од кои 73.351 во градот. Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко во Прилеп нарекуван Крале Марко. Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско. Прилеп е град на тутунот и мермерот,на богато културно наследство и историја, на националната гордост и отвореност кон светот, град херој.